Очигледно, Nothing нема да направи никакви отстапувања во именувањето на своите телефони.

Најновите информации покажуваат дека следниот телефон Nothing ќе се вика Phone (3a).

Ова беше потврдено во рамките на сертификацијата за претстојниот телефон, кој ќе се продава во Обединетите Арапски Емирати. Документот јасно ги прикажува името, кодот и бројот на моделот A059 за телефонот.

Серијата Nothing Phone (3a) ќе биде претставена на 4-ти март, како што Nothing веќе потврди. Гласините сугерираат дека серијата ќе се состои од два модели, а вториот треба да се вика Nothing Phone (3a) Pro, а не Plus како ланскиот.

Двата нови телефони би можеле да имаат посебно копче за камера.

Дополнително, Nothing Phone (3a) се очекува да има 6,8-инчен FHD+ AMOLED дисплеј со стапка на освежување од 120 Hz, чипсет Snapdragon 7s Gen 3 и батерија од 5.000 mAh со поддршка за брзо полнење од 45 W.

За прв пат во историјата на Nothing, еден од телефоните на компанијата (а можеби и двата од оваа серија) ќе има три камери на задната страна: покрај вообичаените главни и ултра широки камери, ќе има и телефото камера.