Ако сте го замислувале уредот кој не морате ни да го допрете за да го користите, тој сега постои, а се работи за паметниот часовник LumiWatch.
Се работи за прототип кој е развиен на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, а кој е целосно функционален. LumiWatch користи модул за проекција со моќност од 15 лумени и сензор за допир со цел корисникот да добие интерфејс осетлив на допир на својата рака. Доволно е да се допре кожата за да го активирате уредот и да ги користите неговите апликации.
Научниците овој интерфејс го претставија на конференцијата SIGCHI во Канада, а нивниот смартвоч го користи оперативниот систем Android 5.1 и може да се спои преку Bluetooth и WiFi. Исто така, го поседува четиријадрениот процесор од 1.2 GHz на Qualcomm, 768 MB RAM, 4 GB интерна меморија и литиум-јонска батерија од 740 mAh.
Димензиите на прототипот се 50x40x17 милиметри, а кога ќе се најде во продажба, ќе чини околу 600 долари.