Колекционер од Саудиска Арабија влезе во Гинисовата книга на рекорди благодарение на своето необично хоби.

Ибрахим Ал-Насер поврзал дури 444 гејмерски конзоли на истиот телевизор – неговата колекција ја вклучува речиси секоја конзола што можел да ја добие, од првата Magnavox Odyssey до PlayStation 5 Slim.

Со оглед на тоа дека физички е невозможно да се поврзат 444 конзоли на еден телевизор, Ал-Насер користи преклопници, а како што рече, за да следи кој канал на која конзола е, има посебна табела Excel.

Според него, овој проект го претставува неговиот „приватен музеј“ и е само дел од пошироката колекција на гејмерски уреди – вклучува сè, од гејмерски конзоли до аркадни машини и многу повеќе.

И конечно, Ал-Насер откри која конзола од оваа гигантска колекција му е омилена – тоа е Sega Mega Drive.