Xiaomi моментално развива наследници на серијата телефони Xiaomi 14.

Компанијата работи на три премиум производи, кои најверојатно ќе се викаат Xiaomi 15, 15 Pro и 15 Ultra. Се очекува првите два да бидат претставени во октомври оваа година, а Xiaomi 15 Ultra на почетокот на 2025 година.

Во пресрет на премиерата, некои од спецификациите веќе протекоа на социјалните мрежи. Сега се појавија нови информации кои сугерираат дека Xiaomi 15 Ultra ќе има камера од дури 200 MP.

Xiaomi 15 Ultra треба да се натпреварува со iPhone 16 Pro Max и Samsung Galaxy S25 Ultra во овој сегмент.

Како што објави инсајдерот Ice Universe, 15 Ultra ќе ја има оваа резолуција на камерата, но веројатно не како примарен сензор, туку како телефото.

Понатаму, инсајдерот сугерира дека објективот од 200 MP на Xiaomi 15 Ultra ќе поддржува можности за оптичко зумирање 4X, како и дека има вкупно четири камери на задната страна.