Уште еден ко-основач го напушти OpenAI.
Џон Шулман одлучи да ја напушти компанијата OpenAI, чијшто е еден од основачите и да се пресели во Anthropic, кој е главен ривал на OpenAI.
Како одговор на објавата за платформата X, извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, му се заблагодари на Шулман и истакна дека тој е одговорен за значителен дел од она што беше почетната стратегија на OpenAI.
I shared the following note with my OpenAI colleagues today:
I've made the difficult decision to leave OpenAI. This choice stems from my desire to deepen my focus on AI alignment, and to start a new chapter of my career where I can return to hands-on technical work. I've decided…
— John Schulman (@johnschulman2) August 6, 2024
На својата нова работа, Шулман тесно ќе соработува со Јан Лајке, уште еден функционер кој го напушти OpenAI и отиде во Anthropic. Причината е загриженоста дека безбедноста е ставена на задната страна за да се фокусира на бизнисот.