Соларните панели се се попопуларни, а властите во Калифорнија се подготвуваат да ги направат обврзни.
Се очекува дека калифорниската Комисија за енергија ќе одобри нов енергетски стандард според кој соларните панели ќе мораат да се поставуваат на покривите на речиси сите нови домови, станови и згради со апартмани од 2020. година.
Исклучок ќе бидат објектите на кои не можат да се поставуваат соларни панели и оние кои ги блокираат поголемите згради или дрвата.
Се очекува новиот стандард да влијае на зголемувањето на цената на конструкцијата за 25.о00 до 30.000 долари, од што половина отпаѓа директно на соларните панели. Но, соларните панели ќе им заштедуваат на сопствениците на објектите 50.000-60.000 долари во период од 25 години.
Гласањето за новиот стандард ќе биде одржано на 9. мај, а Калифорнија би требало да стане прва држава која би го применила.
Моментно речиси 20 проценти од новите семејни домови во Калифорнија поседуваат соларни панели.