Кој чека, тој ќе дочека. Поговорката од воведниот дел деновиве особено важи за љубителите на Нинтендо.
Оние кои го користат Nintendo Switch знаат дека до сега немаше официјален начин за полнење на Joy-Con контролерите без поврзување со самата конзола. Сепак, на тоа му дојде крајот.
Најавен е првиот официјален контролер полнач за Switch, кој премиерно ќе пристигне на јапонскиот пазар.
Во продажба ќе се најде од 17 октомври годинава, а ќе чини 3.300 јапонски јени или околу 20 евра, ако сакаме да конвертираме.
Не е познато дали овој уред ќе биде достапен на глобално ниво, но сигурно би им го олеснил животот на многу играчи.