Мај не беше многу плоден период за индустријата за видео игри во Европа.
Продажбата на игри падна за 17% во однос на 2023 година, а продажбата на конзоли за дури 40%, пренесува GI.biz.
Само две нови игри влегоа на листата на десет најпродавани во текот на мај, од кои едната е годишна серија, а другата е римејк на наслов стар 20 години.
Најголем пад во продажбата имаше конзолата Nintendo Switch, што е лесно да се разбере ако се знае дека The Legend of Zelda: Tears of the Kingdom беше објавена во мај минатата година – втората најпродавана игра во 2023 година.
Доаѓањето на Европското фудбалско првенство си го направи своето, па EA Sports FC 24 беше најпродаваната игра.
Овој резултат беше постигнат и покрај тоа што истата игра беше дистрибуирана до сите претплатници на услугата PlayStation Plus, односно на платформата каде што беа постигнати и највисоки продажби за EASFC 24.
Еве ја листата на најпродаваните игри во Европа во текот на мај:
- EA Sports FC 24
- Grand Theft Auto 5
- F1 24
- Ghost of Tsushima: Director’s Cut
- Paper Mario: The Thousand Year Door
- Helldivers 2
- Hogwarts Legacy
- Red Dead Redemption 2
- Star Wars Jedi: Fallen Order
- Call of Duty: Modern Wafare III