Еден од најпопуларните ликови во франшизата на играта Tekken, нема да биде достапен како дел од стандардната понуда, но играчите ќе треба дополнително да платат за него.
Tekken 8 од старт ќе има 32 карактери во понуда, кои играчите ќе можат да ги користат во битките, а меѓу нив има и голем дел од добро познати ликови. Но, не и Еди Гордо.
Eddy is here with a fully reformed body and costume #EddyGordo pic.twitter.com/biioPj9kpC
— The Tekken World (@TheTekkenWorld) January 14, 2024
Фановите на Tekken забележаа дека Еди Гордо го нема оттогаш откако беше потврден списокот на ликовите за Tekken 8, и ова е прв пат откако борецот се појавува во серијата.
Фановите знаат дека Еди Гордо е познат капуера борец и тој е дел од оригиналната екипа на играта Tekken 3. Сепак, во најновата верзија на играта, ќе треба да доплатите за тоа.
Како дел од првата сезона на Tekken 8, Еди Гордо ќе се појави како првиот од четирите DLC ликови.
Играчите можат да купат пропусница за дополнителна содржина во поскапите верзии на играта, што значи дека оние кои сакаат да играат со Еди Гордо треба да издвојат минимум 100 евра на компјутерски уреди или 110 евра на конзоли.