Како што расте инфлацијата, така растат и цените на електрониката и на технологијата.
Купувањето нов смартфон станува сè потешко, а голем број од моделите чинат неколку просечни македонски плати. Сите бараат алтернативни решенија, но не знаат сите кои се најдобрите методи за да се заштеди некој денар при купувањето нови гаџети.
Ако сакате да набавите нов производ од електроника или технологија, тогаш мора или да бидете одлично ситуирани или да барате заобиколен пат, кој ќе ве одведе до саканите модели.
Во овој текст може да прочитате шест финти што ќе ви помогнат да дојдете до нов гаџет.
Доколку некоја од идеите не ви одговара, одете со следната, сè додека не ја пронајдете совршената.
1. Постојано следење и споредување на производите
Ниту еден производ, во ниту една индустрија, нема фиксна цена. Во зависност од конкуренцијата и побарувачката, цените постојано варираат. Различни продавници нудат различна цена во зависност од повеќе фактори, па некаде истиот производ ќе го најдете за пониска цена. Сепак, тие цени нема да бидат драстично различни.
Дополнително, по извесен период, цените може да се покачат или намалат. Постојаното следење и споредување на производите е мудра тактика за да знаете точно кога е најпаметно да купите одреден производ.
2. Собирање пари за Black Friday попусти
На крајот од секој ноември компаниите ги намалуваат цените на производите како дел од глобалниот тренд наречен Black Friday. Иако „Црниот Петок“, како што кажува самото име, треба да биде последниот петок од месецот, во последните години многу компании го развлекуваат во текот на целиот викенд, а многу од нив и цела недела, па и цел месец.
Таква е Black Friday акцијата на Ananas, која трае цел ноември и во неа можете да најдете голем број гаџети по пониски цени. Ако нешто ви е потребно, но не ви се дава огромна сума пари, ноември е месецот во кој можете да го пронајдете по достапна цена.
3. Купување онлајн
Онлајн шопинг платформите секогаш нудат подобра понуда во однос на цените од продавниците низ трговските центри, на пример. Има повеќе причини за тоа, но во многу случаи истиот продавач ќе го понуди истиот производ за пониска сума ако ја купите онлајн.
Токму затоа е мудро сите гаџети кои ви се потребни да ги барате и нарачувате преку интернет. Цените на интернет може да бидат многу пониски, особено ако ги начекате за време на големите попусти.
4. Купување на старо
Некои гаџети се навистина скапи. Нов гејмерски лаптоп со феноменални перформанси или iPhone од најновата генерација се уреди што одат преку илјада евра – сума што не може секој да си ја дозволи.
Сепак, пазарот на старо работи со полна пареа и ако посветите внимание на пребарување одредени модели и на активно следење на секојдневните понуди, може да го најдете тоа што го барате, по одлични цени.
5. Одбирање постар модел
Да речеме дека сакате да купите нов смартфон. Секоја година брендовите исфрлаат нов и подобрен модел, кој не се разликува секогаш драстично од моделите што до тогаш биле актуелни. Сепак, во моментот кога се појавуваат новите модели, старите добиваат нова пониска цена.
Колку што е постар телефонот, толку е пониска неговата цена во однос на новите модели. Ако добро ги споредите меѓусебно, ќе забележите дека разликите во перформансите никогаш не се толку големи за да се решите да одвоите сто или повеќе евра повеќе за најновиот модел на одреден бренд. Одберете постар модел, кој е доволно добар за вашите потреби, а со многу пониска цена.
6. Купување на рати
Веројатно сте ги забележале сите оние билборди низ градот и реклами на социјалните мрежи во кои многу продавачи нудат одредени производи на повеќе месечни рати. Ова е одлична можност за купување некои производи, чијашто цена е висока, но на рати ќе може да си ја дозволите.
Голем дел од продавачите нудат производи на рати без камата, односно сумата што треба да ја платите е иста, без разлика дали ќе платите сè одеднаш или ќе ја поделите на повеќе месеци. Продавачот нема да побара камата и да плаќате поскапо од тоа што треба. Ова особено важи за проектите „направи сам“ во кои некои машини може да чинат илјадници евра – сума што не е лесно да се плати одеднаш.
ПР