Google подготвува нова чет услуга која ќе ја замени постоечката, а аналитичарите велат дека на корисниците на Андроид ќе им бидат понудени понапредни опции од популарните четови на Apple и Facebook.
Компанијата ќе ја реализира оваа услуга во соработка со мобилните оператори ширум светот бидејќи функционира преку испраќање на SMS.
Корисниците на Android ќе можат да испраќаат фотографии со висока резолуција, видеа или гифови и ќе имаат информација кога личноста на која ѝ испратиле порака ја прочитала содржината и кога таа пишува одговор. Исто така, Google ќе овозможи и користење на својот асистент преку чет.
Се предвидува дека новиот чет ќе го користат околу 350 милиони луѓе до крајот на годината, а тој број ќе се удвои во 2019 година. Унапредените комуникациски услуги на Google ќе можат да ги користат три милијарди луѓе.
Во САД веќе е овозможено користење на ваквите пораки преку мобилниот оператор Sprint. Google веќе неколку пати проба да направи сопствена апликација за чет, но не успеа да ја стекне популарноста на Messenger и сличните вакви апликации.
Сепак, некои експерти велат дека овој чет нема да биде заштитен, за разлика од апликациите на неговите ривали. Важно е да се истакне дека пораките се испраќаат преку SMS, а не преку интернет.
Поврзани артикли