Во текот на летните месеци, кога температурите надминуваат 30 степени, долго седење или стоење често доведува до отекување на нозете, што може да биде многу непријатно. Големата топлина и појавата на оток ги мачи срцевите пациенти и луѓето со проширени вени, чии проблеми дополнително се влошуваат, додека здравите луѓе немаат причина за загриженост, туку само естетски проблем.
Наследниот фактор е важен фактор во создавање на проширените вени. Светските епидемиолошки студии наведуваат дека половина од популацијата го има овој проблем и се јавува почесто кај жените. Не можеме да избегаме од наследниот фактор, како и од долгото стоење и седење на работното место. Оперативниот третманот дава одлични резултати, но превенцијата е најдобриот начин во борба против проширени вени. Кога и да е можно, треба да избегнувате продолжено стоење и седење. Отекување на нозете, кое може да се појави како резултат на покачена температура на воздухот ,може да го ублажите со повремено туширање со ладна вода, а лекарите советуваат и да ги кревате нозете за време на одмор.
Животните навики играат голема улога во развојот на проширени вени. Продолженото стоење и седење може да влијаат на нивниот изглед. Дебелината е исто така фактор на ризик. Тие се почести кај постарата популација, но може да се појават и на помлада возраст. Хормонални промени во пубертетот, бременоста и менопаузата исто така имаат влијание за создавање на проширени вени.
Чувството на „тешки нозе“ може да биде придружено со појава на ноќни грчеви, чешање, горење, оток, “нервозни нозе”. Болеста на проширен вени е состојба која полека, со текот на годините, напредува и се влошува. Видливите “јазли” на крвните садови (варикозитети) на нозете се последица на проширени поткожни вени. Во некои, може да се појави и воспаление на површните вени со тромбоза (тромбофлебитис). Во текот на годините кожата страда, па може да дојде до отворање на рани (чиреви) на подколениците што со години не заздравуваат, се додека проблемот со проширени вени не реши.
Совети
Пешачењето е исто така добар пријател на вените затоа што се подобрува циркулација. Се препорачува брзо одење или одење со брзина што е најсоодветна, во зависност од здравствената состојба. Рекреативното одење има побрзо темпо од вообичаеното шетање. Оптималниот тренинг вклучува минимум 20 минути одење, со 70 до 120 чекори во минута, додека вредноста пулсот треба да биде 120 / мин. За да се постигне целосен ефект на одење, држете го телото исправено со малку напнати мускули на задниот дел. Опуштете ги рамената за да можат рацете слободно да се движат. Дишете рамномерно и длабоко така што вдишувате из носот а издишувате низ устата. За време на одење, мускулите на ногата пумпаат крв према срцето и на тој начин се спречува задржување на течности во долните делови.
Лекување
Лекувањето започнува со испитување и утврдување на степенот на оштетување на површинскиот венски систем. Ако станува збор за личност со зголемена телесната тежина, се советува хигиенско-диетален режим и физичка активност. Се препорачува носење на еластични чорапи, кои пациентите ги носат многу поретко во текот на летните месеци, иако би требало да се носат секојдневно и да не ја прекинуваат терапијата. Употреба на препарати на база на хепарин односно Hepathrombin како во форма на крем и гел, е добар избор во текот на летните месеци, бидејќи тие се ефикасни во превенцијата и терапијата на проширени вени, ја ублажува болката и отокот, а во исто време и пријатно лади. Наведените совети се за превенција и третман на проширени вени иоток, кои можат да ви помогнат да бидете облечени во складот на сите временски услови без оглед на естетскиот проблем поради летните горештини.
Уживајте во своите здрави нозе.