Според доверлив инсајдер од Digital Chat Station, Xiaomi го подготвува својот телефон што се преклопува по линијата на Samsung Galaxy Z Flip4 и Motorola Razr 40 Ultra.
Телефоните со флексибилни екрани се поделени во две категории: компактни, како гореспоменатиот Razr 40 Ultra, кои се вклопуваат во помал џеб, и поголеми, слични на таблети како Fold4, Mate X3, Magic Vs и слично.
И додека секој голем производител сега ги има овие поголеми, помалите, компактни модели не се толку популарни.
Xiaomi одлучи да се приклучи на популарниот тренд и да претстави свој телефон што се витка, или така вели Digital Chat Station на мрежата Weibo.
Доколку гласините се точни, покрај серијата Mix Fold, Xiaomi ќе има и помал, компактен модел, кој ќе им се придружи на компаниите како Samsung, Motorola, Vivo, Oppo и Huawei, пренесува Benchmark.
Xiaomi со Mix Fold 2 најави дека сака да биде во чекор со големите производители и да ги следи модерните трендови, па логично е овој производител да понуди телефон на преклопување. Според Digital Chat Station, Xiaomi планира многу тенок и лесен телефон, во согласност со концептот на моделот Mix Fold 2, кој е еден од најтенките уреди од тој тип.
Она што може да биде проблем со телефоните од овој тип е тоа што новиот Xiaomi Mix Flip, или како и да се вика, можеби нема да се појави надвор од Кина.