Наводно, Netflix е во процес на тестирање игри за ТВ на својата платформа.
Како што пишуваат странските медиуми, програмерот Стив Мозер пронашол скриен код кој ги означува игрите што се играат на телевизорот, како и дополнителна шифра која укажува на можноста телефонот да се користи како контролер за нивно играње.
Мозер, исто така, претходно најде индикации дека тогаш претставениот план за претплата поддржан од реклами можеби нема да има опција офлајн. Излезе дека бил во право.
Нетфликс започна искуство со игри на Android, iPhone и iPad во 2021 година. Услугата за стриминг бара од мобилните корисници да преземаат игри од App Store или Google Play поради правилата поставени од Apple и Google. Но, бидејќи целта на овие игри е да го зголемат ангажманот и да ги задржат корисниците, тие може да се стартуваат од апликацијата Netflix и да бараат активна претплата за да им пристапат. На апликацијата Netflix за ТВ, овие игри се забележително отсутни.
Останува да се види како компанијата има намера да имплементира игри на телевизори и дали исто така ќе бара од корисниците да преземаат игри пред да можат да ги играат. Потпретседателот за развој на игри на Нетфликс, Мајк Верду, минатата година истакна дека компанијата сериозно ги истражува понудите за игри и сака да понуди повеќе од само игри за телевизори.
Засега корисниците ќе треба да се задоволат со она што е достапно на телефоните. Во моментов, каталогот на Нетфликс има околу 55 достапни наслови, иако ќе објави уште 40 игри во текот на 2023 година.