Откако се појавија гласини за мобилен телефон со брендирање на Coca-Cola, сега се знае за кој смартфон се работи и кога ќе пристигне на пазарот.
Станува збор за моделот Realme 10 Pro 5G, кој ќе се појави на 10 февруари, а веќе се прифаќаат преднарачки. Уредот ќе има заден панел во две мат бои, црна и црвена, кои ќе доминираат, додека „Coca-Cola“ ќе биде испишано со бели букви, како и две задни камери со црвени рабови.
Потврдено е дека смартфонот Coca-Cola ќе се испорачува во специјално пакување со посебни детали кои ќе одговараат на оваа тема. Тие вклучуваат фигурина, налепници, игла за SIM-картичка и единствена нумерирана картичка што ја идентификува секоја од 6.000-те копии достапни на глобално ниво.
Во однос на спецификациите, можеме да очекуваме сличности со „оригиналниот модел“ кој има екран од 6,72 инчи со брзина на освежување од 120 Hz, главна камера од 108 MP, до 12 GB RAM, 256 GB внатрешна меморија, а Snapdragon 695 5G процесор и батерија со капацитет од 5.000 mAh.