Најголемиот авион во светот наречен The Roc, кој има шест мотори, постави уште еден значаен рекорд.
The Roc полета од воздушното и вселенското пристаниште „Мохаве“ во југоисточна Калифорнија и постави уште еден рекорд за авиони со неговата големина со тоа што помина шест часа во лет пред да слета на истата писта.
Го произведe компанијата Stratolaunch како „носач“ со распон на крилата подолг од фудбалско игралиште. Тоа е всушност авион кој ќе служи како платформа за тестирање на хиперсоничен товар. Ова беше деветти пробен лет на компанијата, но само втор што го носи хиперсоничното тест возило Talon-A, важен дел од нејзините планови да започне хиперсонично тестирање подоцна оваа година.
Talon-A е пробно возило за повеќекратна употреба на ракетен погон, долго 8,5 метри и распон на крилата од 3,4 метри. Се наоѓа на столбот под централното крило на Рок. Авионот има труп и три млазни мотори од двете страни, додека вкупниот распон на крилата е 117 метри.
Talon-A може да биде опремен со различни истражувачки товари, кои потоа можат да се „испукаат“ и да летаат со брзина меѓу 5 и 10 мах додека Roc крстари на надморска височина до 10.000 метри. Тестното возило има и сопствена опрема за слетување, која може да се врати на која било конвенционална писта и повторно да се користи.
Интересно е тоа што Roc може да носи до три возила Talon-A истовремено. Неодамнешниот лет го носеше возилото Талон-А во висина и ги постави темелите за одвојување од Рок за време на идните летови.
Иако авионот претежно летал на височина до 6.860 метри, во воздух се задржал шест часа, што е нов рекорд. Ова е големо подобрување во однос на последниот лет со возилото Талон-А, кој мораше да заврши по 90 минути.
Успехот на летовите му овозможува на Stratolaunch да премине во следната фаза од својот план, а тоа е безбедно раздвојување на хиперсоничниот лет. The Roc е дизајниран да лансира сателити во ниската орбита на Земјата.