Сагата на Apple околу авторските патенти продолжува. Сега мора да плати оштета од 502.6 милиони долари оштета на компанијата VirnetX, а оштетата е доделена од страна на судија во федерален суд во Тексас (САД). Барањето за оштета е поднесено уште во 2010 година, а компанијата VirnetX тврди дека Apple има прекршено 4 авторски патенти за интернет комуникација, претежно користејќи ги во апликациите FaceTime и iMessage.
Можеби тужбата би била во ред, но компанијата VirnetX важи за “patent troll” компанија, која тужи компании кои развиваат производи, а основите на тужбите ги основа врз лабави интерпретации на законите за авторски патенти и со тоа се обидува да изнуди големи суми на пари. Оваа тужба кон Apple и намерно поднесена во сојузната држава Тексас која полесно ги усвојува ваквите тужбени барања, иако VirnetX е компанија е сојузната држава Невада.