Научници на Антарктикот го набрале првиот род зеленчук кој е одгледан без земја, дневна светлина или пестициди. Тој зеленчук е направен како дел од проект кој има за цел да им помогне на астронаутите, еден ден да одгледуваат свежа храна на друга планета.
Истражувачите од германската станица Хојмајер набрале 3,6 килограми зелена салата и 18 краставици кои се произведени во хај-тек стаклена градина бидејќи температурата надвор е под 20 степени Целзиусови.
Американската вселенска агенција NASA успешно одгледува зеленчук на Меѓународната вселенска станица.
Даниел Шуберт од DPR вели дека целта на проектот на Антарктикот е производство на различни видови храна кои еден ден би можеле да се одгледуваат на Марс или на Месечината.