PayPal планира да воведе дебитни картички кои ќе може да се користат за плаќање и повлекување пари од банкомати. Ова е дополнување на банкарските сервиси, како можностите за депонирање пари на сметката со сликање на чекот, па дури и заеми за мали бизниси. Идејата е да се намамат луѓе без сметки во банка да почнат да ја користат платформата, а не да се намамат постојните клиенти на традиционалните банки.
PayPal веќе неколку месеци ги тестира своите нови понуди во САД, така што се врза со неколку мали банки кои управуваат со овие неколку функции. Треба да се нагласи дека компанијата и претходно издаваше картички.
Ќе биде интересно да се види дали ова ќе му помогне на PayPal да земе дел од колачот на големите банки. Новата картичка им овозможува на корисниците да прават нешта што не би можеле да ги прават со кеш, како букирање на Airbnb или повикување на Uber.
Сепак, оваа компанија нема да биде единствената од технолошкиот сектор која во блиска иднина ќе влезе во финансискиот бизнис. Наводно Amazon работи на основање сопствен сервис.
Изгледа дека иднината на потрошувачкото банкарство не е многу поврзана со традиционалните банки.