Во моментите кога вниманието на јавноста негативно е насочено кон Tesla, Елон Маск реши првоаприлски да се пошегува испраќајќи порака на Tвитер дека калифорнискиот производител на електрични возила оди во банкрот.
Конкретно напиша дека и покрај интензивните напори да се соберат пари, вклучувајќи ја и масовната продажба на велигденски јајца, за жал мора да известат дека Tesla е комплетно во банкрот.
Беше очигледно дека пораката е шега, но тоа негативно влијаше на берзата каде акциите на Tesla веднаш паднаа за 2,5%. Можеби причината не беше шегата на Маск, туку наталожените проблеми кои претходно во март ги чинеа акциите на компанијата 22 проценти од вредноста, но сепак поуката е јасна – дури и да си Елон Маск, не се шегувај со своите милијарди.
Според капитализацијата, Tesla вреди двојно повеќе од Ford кој лани произведе 6 милиони возила и оствари профит од 7,6 милијарди долари, додека Tesla стигна до 100.000 автомобили и загуба од две милијарди. Покрај тоа, Ford има во кеш 12 милијарди долари.