Европската унија врши притисок врз камионската индустрија да ги исполни своите климатски цели. До 2025 година, новите модели во просек би требало да испуштаат 15 отсто помалку јаглерод диоксид и најмалку 30 отсто до 2030 година.
Електрични камиони со домет од околу 500 километри ќе стартуваат на германските патишта оваа година, но само за тестирање. Сериското производство на моделот eActros LongHaul треба да започне во 2024 година, објави Daimler Truck.
Компанијата почна да ги прави првите модели на камиони eActros минатата година. Станува збор за камиони за таканаречен дистрибутивен транспорт, кои во зависност од моделот имаат три или четири батерии. Тие можат да поминат и до 400 километри без дополнување.
Префрлајќи се од мотори со внатрешно согорување на нови погони, Daimler Truck се потпира првенствено на батерии и горивни ќелии.
Компанијата се опишува себеси како светски лидер во производството на камиони, автобуси и други комерцијални возила и има повеќе од 100.000 вработени.
Европската унија врши притисок врз камионската индустрија да ги исполни своите климатски цели. До 2025 година, новите модели во просек би требало да испуштаат 15 отсто помалку јаглерод диоксид и најмалку 30 отсто до 2030 година.
Доколку производителите не успеат, ги чекаат високи казни.