Околу 100 жители на австриското селце Факинг во иднина ќе можат бесплатно да ги користат услугите на најпознатиот порно портал „Порнхaб“.
Американскиот портал одлучи да им овозможи доживотен бесплатен премиум пристап на жителите на селцето со име со сексуална конотација, како едно од многуте во светот со интересни имиња.
„Ајде да им покажеме на овие луѓе дека живеењето во Анус и Оргија и не е така срамно. Тоа е привилегија. Секој ужива во секс и порно, па да ги направиме сите љубоморни“, вели промотивното видео.
„Затоа ‘Порнхаб’ избра да ги именува Факинг и другите слични благословени дестинации низ целиот свет како – премиум места. За да се надоместат сите овие години отфрлање и тивко страдање, ќе им дадеме пристап до најдоброто искуство што ‘Порнхаб’ може да го понуди – целосно бесплатно”, се додава во видеото.