Паметните часовници на Samsung доаѓаат со различни деноминации – Classic, Active, Frontier – но досега не сме имале Pro варијанта. Првиот часовник од ваков вид пристигнува годинава, според повеќе извори.
Познатиот дојавувач Ice Universe сугерира дека Samsung Galaxy Watch5 Pro ќе има лесно титаниумско куќиште, како и стакло од сафир отпорно на гребење.
Ова нема да биде прв пат Samsung да користи титаниум – некои верзии на часовникот Watch3 го користеле овој благороден метал. Сепак, ова ќе биде прв пат една јужнокорејска компанија да користи часовник од сафир.
Претходно слушнавме дека Watch5 Pro ќе има голема батерија, со капацитет од 572 mAh (барем кога станува збор за паметните часовници). Обичниот Watch5 од 44 мм ќе има батерија од 397 mAh, според документацијата за сертификација.
Засега нема информации за некои други надградби на Pro моделот во однос на стандардниот, а останува да видиме кои се другите спецификации на овие паметни часовници.