Воздухопловството моментно минува низ голема трансформација, според Здружението за воздушна и вселенска индустрија од Америка кое ги претставува производителите на авиони и вселенски системи.
Во текот на следните две децении автономните авиони ќе бидат сеприсутни, преземајќи индустриски работни места кои се премногу тешки за луѓето и транспортирајќи товар помеѓу логистичките центри. Во зависност од прифаќањето на јавноста, овие „робо-авиони“ би можеле да превезуваат патници низ градовите, објави Американската асоцијација за воздушна и вселенска индустрија (AIA).
Во игра се милијарди долари
Пазарот на авиони расте за 25 отсто годишно и ќе достигне 325 милијарди долари до 2040 година, според новата студија на AIA и консултантската компанија „Авесент“. Ова вклучува сè – авиони за вертикално полетување и слетување (VTOL), регионални млазни авиони, па сè до поголеми товарни и патнички авиони.
За да им успее, десетици стартапи веќе собраа приближно седум милијарди долари.
Големи играчи
Еден од водечките играчи е секако „Виск Аеро“, заеднички подвиг на „Воинг“ и „Кити хок“ што ја претставува шестата генерација на нивните авиони, сериозен кандидат за сертифицирано автономно такси во САД. Тие пишуваа и за успехот на „Ексвинг“, чија автопилот-технологија е способна да го изврши целиот лет.
Во игра е и „Релајабл роботикс“. Компанијата, која развива автоматизирани системи за авиони, оваа година ќе започне комерцијални карго-летови водени од напредна автоматизација. Тие сакаат да изградат цврста основа за транзиција кон летови со далечински управувач, додека интензивно работат со водечките превозници кои сакаат да интегрираат системи на далечинско управување во нивните флоти.
Промена на улогата на пилотот
Производителите на електрични VTOL, како што се „Џоби авиејшн“, „Арчер“ и „Лилиум“, во моментов планираат да лансираат воздушни такси-услуги со човечки пилоти, но со текот на времето имаат намера да ги отстранат од кабините. Се разбира, според гореспоменатиот извештај на AIA, тоа не значи дека луѓето нема да бидат вклучени во летовите на авионите.
Во автономниот лет нема ништо беспилотно, велат авторите на извештајот, поентата е дека во иднина луѓето ќе бидат повеќе набљудувачи отколку управувачи. Од друга страна, се предвидува дека до 2040 година ќе бидат отворени дури 100.000 работни места за поддршка на автономната авијација, од инженерство, преку развој и одржување на софтвер, до логистика.
Да се обучат пилотите кои истовремено од земјата ќе ги контролираат траекториите на неколку авиони, не е најтешко. Потешко е да се направат автоматизирани системи што ќе ги задоволат тековните безбедносни стандарди.
Извор: Bug.hr