Симптомите на дијабетес тип 2 вклучуваат умор, необјасниво губење на телесната тежина и чувство на жед.
Меѓутоа, докторите дошле до заклучок дека пред сите тие симптоми се развива еден друг симптом, а истиот е најран аларм за тревога.
Дијабетес тип 2 е хронична состојба при што панкреасот не може да произведе доволна количина инсулин. Иако овој процес може да изгледа како безопасен, сепак со текот на времето ги нарушува речиси сите останати функции во телото. Високото ниво на шеќер во крвта може да биде сериозно за срцето, очите, но и бубрезите.
Клучниот чекор во овој случај е рано откривање на проблемот. Најраниот симптом, како што тврдат докторите, е заматен вид кој со секој нареден ден станува сè поизразен.
Дијабетесот може да предизвика заматен вид, но и солзење на очите. Оваа состојба е позната како дијабетична ретинопатија – резултат на проблемите со крвните садови околу мрежницата.
Кај поголем дел од пациентите овој проблем се развива постепено. Раното откривање и одење на доктор може да ги спаси пациентите од сериозни проблеми, како што е целосно губење на видот.
Во окото започнува да се создава вишок течност која создава заматен вид или пак намален фокус. Доколку оваа состојба трае неколку денови, време е да посетите доктор.
Експертите нагласуваат и дека заматениот вид не е во 100 отсто од случаите последица на дијабетес. Тој исто така може да биде предизвикан од други состојби, вклучувајќи ги сувите очи, слаб вид или пак некаков вид на инфекција.
Во секој случај, докторите препорачуваат редовна контрола и следење на сите сигнали кои вашиот организам ви ги испраќа.