Mozilla ја претстави новата верзија на нивниот интернет прелистувач – Firefox Quantum, која нуди неколку нови опции за корисниците и обезбедува побрзо пребарување од порано.
Новата, 59. верзија на Firefox беше претставена како „побрза, побезбедна верзија на најдобриот интернет прелистувач“.
Mozilla Firefox 59 носи подобрена приватност за корисниците. Обично, кога корисникот ќе кликне на некој линк, сајтот добива информација која му кажува од која интернет страница доаѓа корисникот. Тоа може да открие приватни податоци за самиот корисник. Firefox Private Browsing модот сега ги блокира овие информации, спречувајќи ги да бидат откриени.
Исто така, Firefox Quantum може да ги спречи веб страните да му поставуваат прашање на корисникот дали сака push нотификации, како и да ги отстрани досадните pop-up реклами кои се појавуваат на страниците за вести и на социјалните мрежи.
Подобрување доби и алатката Firefox Screenshots. Таа во верзијата за Quantum има опција Crop, која ви дозволува да обележите дел од скриншотот и да ја пресечете сликата во рамките кои сте ги одбрале, без притоа да користите било каква друга апликација за обработка на слики.
Корисниците на macOS исто така можат да се израдуваат на новитет во Firefox Quantum, кој им овозможува побрзо вчитување на текст и фотографија од веб страна, нешто што корисниците на Windows го добија уште во јануари оваа година.
Извор: B92.net