Познатиот британски физичар Стивен Хокинг почина на 76 години во својата куќа во Кембриџ, соопшти неговото семејство во раните утрински часови.
“Многу сме тажни што нашиот мил татко почина денес. Беше голем научник и извонреден човек чие наследство долго ќе живее”, порачале децата на Хокинг, Луси, Роберт и Тим.
“Неговата храброст и упорност, заедно со брилијантниот ум и хумор, инспирираа луѓе ширум светот”, стои во објавата.
Хокинг дипломирал физика на Оксфорд, а потоа со тема од теоријата за релативност докторирал на Кембриџ, каде ја продолжил својата академска кариера.
Хикинг, покрај својот научен труд, инспирирал луѓе и со своето одбивање да се предаде на тешката болест. На Хокинг на 22 години му била дијагностицирана ретка неуромоторна болест – АЛС, и лекарите прогнозирале дека живее само неколку години.
Професорот ги демантирал сите и проживеал повеќе од 50 години.
Хокинг дипломирал физика на Оксфорд, а потоа со тема од теоријата на релативиност докторирал на Кембриџ, каде ја продолжил својата академска кариера. Станал член на Кралското друштво во 1974. година, професор по математика во 1979. година. Како студент добил многу прогресивна невромоторна болест која ги оневозможува движењето и говорот. Својот математички труд го продолжил ментално и соопштил дека е во завршен облик. Неговиот животен труд претставува извонредна победа над тешката физичка онеспособеност.
Хокинг почнал со проучување на општата теорија на релативитет, забележувајќи дека теоријата на Ајнштајн не ја објаснува квантномеханичката природа на физиката и не е во состојба адекватно да ги опише гравитациските сингуларитети како “црните дупки” или “големата експлозија”.
Во периодот од 1970 до 1974 година, Хокинг и неговите соработници ја докажале Вилеровата хипотеза која кажува дека само масата, просторниот момент и електричното напојување се зачувани кога материјата ќе стигне до црна дупка.
Во 1974 година Хокинг дошол до едно извонредно откритие, а тоа е дека црната дупка емитува топлотно зрачење. На пример, ако неколку честици-античестици настанат близу хоризонтот, а само една е во него, тогаш црната дупка ефективно емитува топлотно зрачење. Аналогијата меѓу механиката на црната дупка и термодинамиката е вистинска и оттаму, температурата мора да се поврзе со црната дупка. Постои индиректна евиденција за постоење на црните дупки во центарот на активните галаксии меѓу кои и во центарот на нашата галаксија, Млечен пат.
Нешто поскоро на кое што работел Хокинг е формулација на конзистентната квантномеханичка теорија за гравитацијата, која пак ја поврзува гравитацијата со три други видови сила: слаба нуклеарна, јака нуклеарна и електромагнетска интеракција. Неговата нетекничка книга „Каратка историја на времето“ беше извонреден издавачки успех.
Извор: Kurir.rs