Откако бил притиснал со раце од предната и задната страна, телефонот се скршил на местото меѓу врвот на батеријата и камерата.
Вообичаено, класичните паметни телефони тешко може да се скршат на половина само со рака, но тоа не е случај со смартфотонот OnePlus 10 Pro – што не е добра вест за сите сопственици на овој уред и оние кои тоа планираат да станат. Кршливоста на овој телефон ја покажал познатиот јутјубер Зак Нелсон, кој го води каналот JerryRigEverything, на кој го следат дури 7,5 милиони корисници.
На него објавува снимки од спроведување на тестови на издржливоста на уредите, а неодамна на тест му дошол OnePlus 10 Pro, кој не го минал тој тест. Како што можете да видите на снимката од неговиот канал (деструкцијата почнува од 6,57минута), прво го притиснал телефонот со две раце по средината на куќиштето од задната страна. По малку посилниот стисок се слушнале звуци на пукање и куќиштето пукнало под камерата.
Екранот и натаму работел, но не долго бидејќи кога Нелсон истиот притисок го применил на предната страна на екранот, тој се свиткал и пукнал на местото меѓу батеријата и камерата. Со оглед на тоа дека екранот во целост се свиткал, се пошегувал дека OnePlus 10 Pro станал свитлив телефон. По пукањето, екранот, секако, повеќе не работел, но барем блицот продолжил да работи.
Треба да се нагласи дека телефонот пукнал под притисок каков што корисниците не користат на телефоните, но под таков притисок други уреди сепак обично не пукаат.
Извор: Zimo.hr