Мултимилионерот Бил Гејтс на конференцијата во Минхен предупреди дека светот чека нова пандемија по коронавирусот.
Како што напомена, таа епидемија ќе биде предизвикана од патоген од семејството на коронавирус. Гејтс смета дека ризикот од коронавирус е драстично намален поради фактот што голем број луѓе се имуни и поради тоа што се појавил сојот омикрон, чии симптоми на инфекција се поблаги.
Гејтс процени дека со напредокот на медицинската технологија, светот може полесно да се бори со пандемијата. За да се случи тоа, тој повика на повеќе инвестиции во медицинските истражувања.
Тој додаде дека луѓето во голем број земји стекнале имунитет по природен пат, а не со вакцинација, и заклучи дека во случај на следната пандемија, вакцините ќе треба да се дистрибуираат за шест месеци, а не за две години.
Целта на Светската здравствена организација (СЗО) до средината на оваа година да вакцинира 70 отсто од светското население не е постигната.