Најновиот хит производ на Indiegogo се нарекува Light Phone 2. Тоа е наследник на оригиналниот Light Phone, кој својот живот го започнал пред три години на Kickstarter.
Едноставниот телефон со големина на кредитна картичка тогаш ја поседувал само основната можност за повици. Втората генерација носи уште неколку опции.
Идејата зад Light Phone 2 е да користи 4G мрежа и можности кои ги имаат модерните паметни телефони, но на начин уредот да не се претвора во направа за губење на времето, туку во уред кој служи повеќе како алатка.
Од тоа произлегува и фактот дека овој телефон го “почитува корисникот”, односно го цени неговото време. Light Phone 2 има e-ink екран, па на него не може да се играат игри или со часови да се “дреме” на некоја социјална мрежа.
Од друга страна, со него може да се повика такси, но и да се добијат информации од апликации за навигација, да се испраќаат и примаат пораки или да се користи како будилник.
Light Phone 2 има отпорно куќиште со големина на кредитна картичка, доаѓа во мат бела или црна верзија, а софтверски е заснован на сопствениот оперативен систем, кој е воден од само една идеа – поедноставена комуникација.
Уредот сè уште е во фаза на прототип, а неговите креатори на страницата Indiegogo наведуваат дека, кога ќе стане достапен, ќе чини 250 долари.
Тие досега имаат собрано преку 700.000 долари за својот проект, па затоа е сосема веројатно дека сериското производство на овој поедноставен паметен телефон да започне наскоро.
Испораките, во својата “crowdfunding” кампања ги ветуваат дури за околу една година.
Извор: B92.net