Дојче Телеком е меѓу најуспешните глобални играчи во телекомуникациската индустрија, a овој напредок е особено нагласен со моменталната вредност на брендот. Дојче Телеком во моментов е еден од највредните брендови во светот со вредност од 60,2 милијарди американски долари според Brand Finance Global 500. Тоа претставува зголемување од 18 отсто во однос на претходната година (51,1 милијарди американски долари) и нов рекорд.
„Успесите остварени на економски и технолошки план му овозможија на брендот на Дојче Телеком да продолжи успешно да се развива на национално и на меѓународно ниво”, рече Улрих Кленке, Главен директор за бренд во Дојче Телеком, нагласувајќи го овој позитивен тренд. „Извонредниот квалитет на нашите мрежи и производи им овозможува на луѓето да останат поврзани и е одраз на нашата иновативност и способности на сите наши пазари. Со тоа сите имаат шанса да ги искористат можностите што ги нуди дигитализацијата”.
Брендот на Дојче Телеком меѓу 20-те најдобри во светот
Експертите на Brand Finance го наведуваат Дојче Телеком како убедливо највреден телекомуникациски бренд во Европа. Според студијата, Групацијата се искачи на второто место меѓу светските телекомуникациски компании – зад Verizon и пред AT&T и China Mobile. Групацијата е рангирана на второто место меѓу водечките германски компании во светот веднаш зад Mercedes-Benz. Највреден бренд во светот е Apple, кој ги победи Amazon и Google. Експертите го рангираа Дојче Телеком на 17-то место на севкупната ранг листа на највредни брендови во светот.
Секоја година, Brand Finance ги определува највредните брендови во светот. Британската консултантска куќа смета дека ова значително зголемување на вредноста на брендот на Дојче Телеком е резултат на позитивниот економски и технолошки развој. Ова првенствено се должи на успешното деловно работење и високиот раст на корисници, особено во Соединетите Американски Држави. Покрај тоа, Групацијата повторно доби поени за одржливите инвестиции во квалитетот на мрежата, дигиталните технологии и корисничките услуги, коишто му дадоа дополнителна динамика на брендот. Дојче Телеком, исто така, е подготвен да развива нови извори на приходи благодарение на брзиот напредок во распоредувањето на 5G мобилната технологија и своите мрежи со оптички влакна.
Brand Finance Global 500
Brand Finance Global 500 составува ранг-листа на највредните брендови во светот според вредноста на брендот во американски долари. Вредностите на брендот се пресметуваат врз основа на надоместоците за лиценца што една компанија би морала да ги плаќа кога не би го поседувала брендот. Покрај вредноста на брендот, на секој од 500-те брендови му се доделува рејтинг за брендот. Моделирана врз основа на кредитниот рејтинг, оваа вредност претставува репер за предностите, ризиците и потенцијалите на еден бренд во споредба со брендовите на конкуренцијата. Повеќе за „Brand Finance Global 500″ на: www.brandfinance.com.