Институтот за комуникациски студии и Македонското еколошко друштво денеска организираат завршна конференција на тема „Здружени за поздрава животна средина”.
Како што е најавено, на конференцијата ќе се обрати Штефен Худолин, шеф за соработка на Делегацијата на Европската Унија, а експерти, новинари и активисти ќе говорат за заштитата на животната средина, граѓанскиот активизам и за улогата на медиумите како важна алка во заштитата на јавниот интерес и човековите права.
Своите искуства ќе ги споделат и средношколците и претставниците на граѓанските организации, кои изминативе две години заеднички работеа на иницијативи за решавање на локални еколошки проблеми.
Конференцијата се организира како дел од проектот „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина”, што го реализира Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонското еколошко друштво, а со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Поврзани артикли