Колку пати и да ја слушнале листата на причини зошто пушењето му штети на нивното здравје, голем број луѓе едноставно не сакаат да престанат. Сепак, ситуацијата и тука се менува, бидејќи се повеќе пушачи бараат алтернативни решенија.
Соодветно на нивните потреби, благодарение на научните и технолошките достигнувања, развиени се помалку штетни алтернативи за пушењето.
Ова се три значајни карактеристики кои имаат помалку штетни алтернативи и поради што битно се разликуваат од традиционалните цигари.
Загревањето го замени согорувањето на тутунот
Веројатно никогаш не сте ја гледале цигарата од овој агол. Дали знаете дека кога ќе се запали тутунот, согорува и се создава тутунски чад преку кој се испуштаат повеќе од шест илјади материи, од кои за околу 100 се знае дека се штетни и потенцијално штетни.
Од друга страна, системот IQOS, најпознатиот бездимен уред во светот, функционира така што не го согорува тутунот, туку го загрева на зачително пониска температура. При консумирање не се создава чад од тутун, туку аеросол. Докажано е дека на овој начин, во просек произведува 95 отсто помалку штетни состојки во споредба со чадот од цигарите. Научниците, иако задоволни од толку високиот процент, забележуваат дека ниту еден производ од овој тип не е без ризик и содржи никотин, кој предизвикува зависност.
Значително помалку јаглен моноксид
Штетните последици на согорувањето тука не се завршуваат. Согорувањето на тутунот со себе ја носи една од најотровните супстанци – јаглен моноксид. При конзумирањето цигари, останува неразграден и лесно се врзува за хемоглобинот.
За разлика од цигарите, како и поради фактот дека не го согорува тутунот, истражувањата потврдија дека помалку штетната алтернатива IQOS создава 98 проценти помалку јаглен моноксид и значително пониски нивоа на други штетни состојки.
Елиминација на катранот
Согорувањето на тутунот има уште една пропратно штетна последица, а тоа е катранот.
IQOS не произведува катран, бидејќи го загрева тутунот, наместо да го согорува. Тој создава аеросолен остаток кој суштински се разликува од катранот и содржи значително пониски нивоа на штетни состојки.