По најавите кон средината на декември минатата година, Tecno сега претстави телескопски макро леќи за мобилни телефони.
Станува збор за технологија која ветува значително подобрување на макро фотографиите, но и целокупното искуство при нивното креирање.
Овие телефото макро објективи се извлекуваат од куќиштето на смартфонот и овозможуваат фотографирање одблиску, но без потреба телефонот премногу да се доближува до субјектот. Достапен е и 5x оптички зум, а крајниот резултат може да се спореди со резултатот од главната камера. Ова е нешто што досега не е видено кога станува збор кај актуелните макро камери. Покрај тоа, технологијата овозможува поголем отвор на блендата, што е клучно за квалитетни фотографии.
Од Tecno тврдат дека дизајнот е прилично компактен и не бара големо куќиште, но засега нема детали. Исто така, не се знае точно кога оваа технологија може да се очекува кај смартфоните, но сепак тоа ќе се случи оваа година.