Минатата година Xiaomi го претстави својот Surge C1 ISP чип во комплет со Mi Mix Fold и според протечениот изворен код, претстојниот Mix 5 Pro најверојатно ќе користи Surge чип од втората генерација.
Сè уште не е познато какви посебни карактеристики ќе донесе Surge C2, па дури има и шанси телефонот да пристигне со актуелниот Surge C1 ISP. Она што е сигурно е дека стандардниот Mix 5 нема да го добие C2.
Извештајот на Xiaomiui се занимава и со детали во врска со сензорите на камерата на двата Mix 5 уреда. Беше истакнато дека Pro моделот ќе примени главна камера од 50 MP со OIS, заедно со 48 MP 5x телефото и 48 MP ултра широка камера. Додека стандардниот модел ќе се задоволи со малку помалку широка камера од 48 MP и 2x телефото единица, но од 48 MP. Интересно е дека кружи приказна дека Pro моделот нуди и предна камера од 48 MP.
Се очекува дека Mix 5 серијата ќе дебитира во вториот квартал на оваа година, но немојте премногу да се надевате на тоа бидејќи најверојатно ќе остане ексклузивна за Кина.