Омикрон-варијантата на коронавирусот ќе нè погоди сите, предупреди американскиот бизнисмен и еден од основачите на Microsoft, Бил Гејтс.
Гејтс на Twitter истакна дека ги откажал повеќето планови за празниците.
„Токму кога се чинеше дека животот се врати во нормала, можеме да влеземе во најлошиот дел од пандемијата. Омикрон ќе нè погоди сите. Мои блиски пријатели го имаат сега, па ги откажав повеќето од моите планови за празниците“, напиша Гејтс.
The big unknown is how sick omicron makes you. We need to take it seriously until we know more about it. Even if it’s only half as severe as delta, it will be the worst surge we have seen so far because it’s so infectious.
— Bill Gates (@BillGates) December 21, 2021
Тој исто така посочи дека единствена добра вест е тоа е што омикрон се шири со таква брзина што кога ќе стане доминантен во една земја, бранот на тој вид треба да трае помалку од три месеци.
„Тие неколку месеци може да бидат лоши, но сепак верувам дека ако ги преземеме вистинските чекори, пандемијата би можела да заврши во 2022 година“, нагласува Гејтс.