Научниците од центарот за вирологија и биотехнологија „Вектор“ успеале да изолираат вирусни честички од омикрон сојот на коронавирусот, па светот сега има можност од прва рака да види како изгледа „чумата“ која им се заканува речиси на сите земји во светот.
„Вектор“ во лабораториски услови инфицирал клетки со омикрон поради проучување на новиот облик, големината и другите морфолошки карактеристики.
„Фотографиите покажуваат везикуларна структура (везикули) кои во поголемиот дел од случаите се проширени тубули на интрацелуларна мрежа“, се наведува во соопштението од центарот.
Протеините кои го сочинуваат вирусот се акумулираат околу меурчињата и продираат внатре, добивајќи дополнителна обвивка.
Специфичноста на омикрон сојот е во тоа што вирусот се таложи бавно и не предизвикува масовна смрт на клетките во шестиот ден од болеста.
Новата мутација на коронавирусот е откриена во ноември во Јужна Африка, но набрзо потоа се нашла во 89 земји ширум светот.
Русија, чии научници успеале да го изолираат омикрон сојот, бележи 25 случаи на зараза со оваа мутација.
Инаку, СЗО предупреди дека се очекуваат повеќе смртни случаи и хоспитализација поради новата варијанта на коронавирусот и дека достапните вакцини ја менуваат ефикасноста против него. Истовремено, СЗО верува дека омикрон е помалку ефикасен од претходната мутација.