Роверот Perseverance, испратен на Марс од американската вселенска агенција НАСА, откри органски соединенија во одредени карпи кои содржат јаглерод.
Станува збор за карпи кои Perseverance ги анализирал на површината во кратерот Језеро. За да биде сè кристално јасно, ова не може да се смета за откривање живот на Црвената планета, туку всушност како градбени елементи на живот, бидејќи органската материја може да се произведува со биолошки и небиолошки средства. Во овој случај, потребни се дополнителни истражувања за да се утврдат процесите кои ги формирале соединенијата во кратерот Језеро.
Сепак, ова е важна пресвртница за проектот на НАСА, бидејќи истражувачкиот тим се прашуваше дали карпите во оваа област се седиментни или магматски, а ова прашање беше актуелно уште пред роверот да слета на Марс.
„Бев очаен затоа што мислев дека никогаш нема да најдеме одговор, но нашиот инструмент PIXL ни даде увид во парче карпа во областа наречена Јужна Сеита, така што сè стана јасно“, вели Лутер Бигл, истражувач при НАСА.
Органски соединенија се откриени во прашината на неабрадираната карпа, но и во внатрешноста на абрадираните карпи во кратерот Језеро, кој порано бил навистина големо езеро и речна делта. Откритието беше овозможено со инструментот за скенирање на животната средина SHERLOC. Карпестото дно по кое се движи роверот Perseverance од слетувањето на Марс во февруари, најверојатно е формирано од жешка магма, а тим истражувачи тврди дека карпите во кратерот неколку пати биле во контакт со вода, како и дека некои од нив содржат органски молекули.
Ова откритие има импликации за разбирање и прецизирање на клучните настани во историјата на кратерот Језеро и самата Црвена планета како целина.
Истовремено, зачувувањето на органската материја во праисториските карпи, без оглед на потеклото, сугерира дека потенцијалните биознаци, или докази за минат или сегашен живот, исто така може да бидат зачуваат.
Со оглед на фактот дека научниците дошле до историско откритие на Марс со пронаоѓање на значителна количина на вода во кањонскиот систем на Марс, ова е уште едно интригантно откритие за Црвената планета.
„Ова е прашање што можеби нема да се реши додека примероците од почвата од Марс не стигнат до Земјата. Дезинсекцијата на органската материја е многу возбудлива. Кога примероците ќе стигнат на Земјата, тие ќе бидат извор на научни истражувања и откритија уште многу години“, додаде Бигл.
Поврзани артикли