Како RNK вакцините Фајзер и Модерна делуваат на коронавирусот и нашето тело, едноставното, а научно видео накратко го објаснува тоа.
Од појавата на вакцините против коронавирусот, се појавиjа безброј теории на заговор за тоа како тие влијаат на човековото тело.
Најпопуларната теорија на заговор е онаа која тврди дека mRNA вакцините, а тоа се Фајзер и Модерна, ja менуваат DNK кај луѓето, дека содржат некој „чип“ кој некои „сили“ ќе го искористат за контрола врз луѓето, дека предизвикуваат стерилитет, содржат тешки метали и отрови.
Овие теории најмногу ги застапуваат луѓето кои не сакаат да се вакцинираат.
Епидемиологот д-р Ерик Фигел-Динг, на Твитер објавил видео кое го издала организацијата „Vaccine Makers Project“, а кое го нарекол „најдоброто видео на годината“.
Во видеото до детаљ е објаснето како всушност вакцината го напаѓа коронавирусот.
Исто така се гледа и дека вакцината воопшто нема интеракција со човековата DNK, што го потврдува тоа што еминентните експерти го истакнуваат – вакцините се безбедни.
„Како и многу други вируси, коронавирусот користи протеин за да се закачи на него и да продре во клетките. Антителата кои се на тој протеин можат да го блокираат вирусот во тоа“, наведено е во снимката.
RNK вакцините го „учат“ нашиот имунитет да создаде антитела. На кој начин го постигнуваат тоа вакцините?
?BEST. VIDEO. ALL. YEAR. Please share with friends how the mRNA vaccine works to fight the coronavirus.
?NOTA BENE—The mRNA never interacts with your DNA ?. #vaccinate
(Special thanks to the Vaccine Makers Project @vaccinemakers of @ChildrensPhila). #COVID19 pic.twitter.com/CrSGGo6tqq
— Eric Feigl-Ding (@DrEricDing) November 12, 2021
RNK е генетски материјал кој им дава инструкции на нашите клетки да произведат протеин. RNK во вакцините се наоѓа во обвивката направена од масни честички кои ги штитат специјалните клетки на имуниот систем, наречени дендритски клетки.
Кога еднаш ќе се најде во тие клетки, RNK не влегува во нивното јадро директно, ниту пак има интеракција со DNK, туку останува во псевдоплазмата со останатите RNK молекули, чекајќи да создаде ензими кои на нашето тело му се потребни“.
По пат на лимфата овие делови патуваат низ организмот и ги „алармираат“ другите клетки на имуниот систем.
„Некои од овие клетки (Т, Б) создаваат антитела кои совршено „одговараат“ на површинските протеини на вирусот. Други ги стимулираат протеинските делови наречени Т клетки кои можат да ги убијат клетките инфицирани со вирус“, објаснето е во видеото.