Ренот е моќна билка која можете да ја користите во текот на целата година, а неговите лековити својства се неверојатни.

Коренот од рен содржи важна состојка наречена сингрин, но и соединенија како кумарин, феноли, аспаргин, пероксидаза, смола, скроб и сахариди. Поради сите овие состојки, ренот е идеален за здравјето особено кога станува збор за респираторните проблеми.

Ренот е присутен на пазарите во текот на целата година, а во зависност од проблемот кој го имате, консумирајте го на следните начини:

Чистење на бели дробови

Доколку сакате да ги исчистите своите бели дробови, без разлика дали сте пушач или не, подгответе чај од рен.

Изрендајте 10 грама корен од рен и прелијте го со 200 мл. зовриена вода. Прекријте го чајот и оставете да отстои неколку минути. Така подготвен консумирајте го 2 до 3 пати дневно во мала шолја.

Астма

Доколку страдате од астма, во тенџере измешајте една шолја јаболков оцет со 4 лажици изрендан рен, а потоа ставете го тенџерето на оган.

Кога ренот ќе омекне во текот на варењето, процедете го и во добиената количина рен додајте иста количина мед. Добиената смеса варете ја додека не се згусне, а потоа оставете кашата да се излади.

Ваквата смеса од рен се зема по една лажичка наутро и навечер.

Кашлица, затнат нос и тешко дишење

Доколку ве мачи кашлица или тешко дишете, направете смеса од една лажичка свежо изрендан рен помешан со една лажичка мед.

Оваа мешавина земајте ја секое утро на празен желудник во период од еден месец.