Лошиот сигнал на смартфонот може да ви го расипе денот, посебно доколку итно ви треба мрежа.
Што луѓето најчесто прават кога ќе останат без мрежа? Го креваат телефонот во воздух, пробувајќи да “фатат” сигнал.
Лин Жонг, професор по електротехника и компјутерски науки од универзитетот Рајс во Тексас, вели дека подигнувањето на мобилниот телефон кон небото со надеж дека ќе дојдете до подобар сигнал, нема никаква смисла.
Приемот на сигнали кај мобилните телефони во глобала е рамномерно распореден насекаде во нашата средина. Затоа, ако истиот е лош на некоја локација, ќе продолжи да биде и откако ќе го подигнете вашиот телефон во воздух.
Професорот Жонг тврди дека е подобро да се прошетате неколку десетици метри подалеку, доколку можете, посебно доколку се наоѓате во град или на некое друго помалку населено место.
Можно е со тоа да ја заобиколите препреката која му смета на сигналот и да остварите подобар прием.