Околу 3,5 милијарди тони мраз стопени на Гренланд во текот на минатата деценија го кренале нивото на морето за еден центиметар и ја зголемило опасноста од поплави ширум светот, предупредува новото истражување објавено во понеделникот.
Ледената покривка на најголемиот остров на светот содржи доволно замрзната вода да го крене нивото на океаните за шест метри на планетата, а зачестеноста на екстремното топење во тоа подрачје расте во последните 40 години.
Иако Гренланд е едно од местата на светот кое климатолозите најмногу го проучуваат, истражувањето објавено во понеделникот е прво кое користело сателитски податоци за откривање на разредувањето на ледената покривка.
Според списанието Nature Communacations, во минатите четири децении загубата поради топењето пораснала за 21 процент.
Според европската вселенска агенција, ледената покривка изгубила 3.5 милијарди тони мраз од 2011-та година, со што било произведено доволно вода во светот да се крене нивото на океаните и заедниците кои живеат во самото крајбрежје да бидат во висока приправност поради опасност од поплави.
Третина од мразот изгубен во последната деценија посебно се топел во две топли лета – во 2012-та и 2019-та година.
Снимките покажуваат значајни годишни варијации во топењето на мразот и во комбинација со податоците за температурите покажале дека топлотните удари се се поголема причина за губењето на мразот – поголема и од растот на глобалните температури.
“Како што видовме во други делови на светот, Гренланд е многу чувствителен на зголемувањето на екстремните временски настани”, вели Томас Слејтер, лидер на истражувањето во Центарот за поларни набљудувања и моделирање на Универзитетот во Лидс.
„И како што загревањето се зголемува, за очекување е топењето на Гренланд да се случува почесто”, вели Слејтер.
Предвидувањето колку топењето на Гренланд ќе придонесе за раст на нивото на морето е тешко за научниците, кои исто така мораат да го земат во предвид зголеменото топење на другите глечери.
Како што океаните се загреваат и водата се шири, така и расте нивото на морињата.
Авторите на истражувањето, објавено во понеделникот, рекле дека сателитските податоци им овозможиле брзо и прецизно да проценат колку мраз на Гренланд е изгубен во таа година и тоа да ги претворат во раст на нивото на морето.
„Проценките на моделот сугерираат дека ледената покривка на Гренланд ќе придонесе за пораст на глобалното ниво на морето за 3 до 23 центиметри до 2100-та година”, вели ко-авторката на истражувањето, Амбер Лисон од британскиот Универзитет Ланкастер.
„Ова ќе ни овозможи подобро да го разбереме сложениот процес на топење на мразот…ќе ни овозможи нам подобро да го процениме идниот раст на нивото на морето”, рекла таа.
Извор: Kurir.rs