Клиника во Кливленд објави дека почнува со прво изпитување на луѓе со кое ќе се тестира вакцина дизајнирана да спречи тројно негативен карцином на дојка, кој во моментот не реагира на хормонски или целна терапија со лекови и може да се спречи само со мастектомија.
Досега развојот на вакцина против тројно негативниот карцином на дојка беше огреничен на лабораториска работа и истражување на животни. Испитувањето на луѓе може да почне сега кога американската Управа за храна и лекови ФДА го одобри истражувањето.
Додека испитувањето ќе вклучи само лица кои преживеале тројно негативен карцином на дојка во рана фаза и кои се под висок ризик од рецидив, истражувачите се надеваат дека следната вакцина ќе ја добијат здрави луѓе со висок ризик од болеста, како оние со мутација на генот BRCA1.
„Долгорочно се надеваме дека ова може да биде прва превентивна вакцина која би се давала на здрави жени за да се спречи развој на тројно негативен карцином на дојка, облик на карцином на дојка за кој имаме најмалку ефикасни третмани“, соопшти д-р Томас Бад, од Институтот за карцином и главен истражувач во студијата.
Учесничките во истражувањето ќе добијат три вакцини
Тројно негативниот карцином на дојка учествува со 12 до 15 отсто од сите карциноми на дојка и убива речиси четвртина од пациентките во рок од пет години од дијагностицирањето. Честосе јавува кај афроамериканските жени, но и кај оние со BRCA1 мутации.
Присуството на одреден протеин, а-лакталбумин, вообичаено ја следи болеста, иако тој би требало да се појави само при лактација.
Вакцината ќе го цели токму него, поттикнувајќи го имуниот систем да спречи појава на тумор на дојката. Вакцината исто така, ќе вклучува и лек кој го предупредува имуниот систем на а-лакталбуминот, така што може да го споре растот на туморот во настојување.
Испитувањето ќе опфати 18 до 24 пациентки кои немаат тумот откако биле лечени од троен негативен карцином на дојката во последните три години. Ќе добијат вакцина три пати на две недели. Истражувачите ќе почнат со мали дози, а потоа ќе ги зголемваат.
„Кога ќе сфатиме колку вакцина може да дадеме, ќе ги прегледаме нејзините ефекти на имуниот систем“, вели д-р Бад. Потоа ќе се прилагодуваат дозите.
Се проценува студијата да биде завршена во септември 2022 година. Ја финансира Министерството за одбрана на САД.
Оваа стратегија има потенцијал да се примени и на дргуи типови тумори, како оние на јајници и ендометриум.