Рускиот сателит Космос-2551, кој не успеа да дојде до посакуваната орбита, падна на Земјата и согоре во нејзината атмосфера.
Додека астрономите во САД го набљудуваа небото и метеорскиот дожд Ориониди, жителите на Мичиген и соседните држави сведочеа на поинаква глетка, огнена топка која падна на Земјата.
На почетокот се веруваше дека станува збор за метеор, но подоцна се потврди дека станува збор за руски сателит кој влегол во атмосферата.
Минатата недела во атмосферата повторно влезе рускиот сателит Космос-2551, осветлувајќи го небото над САД. Падот на сателитот нешто претходно го најави астрономот Џонатан Мекдовел кој изјави дека станува збор за неуспешен шпионски сателит кој не пристигнал до посакуваната орбита по лансирањето на 9 септември.
Тој прогнозираше дека сателитот, тежок 500 кг ќе согори во атмосферата и неговите остатоци нема да паднат. Минатата година над Австралија беше забележан руски сателит во пад.
Извор: Klix.ba