Mozilla го ажурираше својот веб-прелистувач Firefox на верзијата 93, а новото ажурирање донесува голем број нови функции, ги подобрува перформансите и безбедноста, како и компатибилноста на веб.
Една од најголемите карактеристики на ова ажурирање е вклучувањето поддршка за AVIF форматот на фотографии, што ќе понуди значителна заштеда на проток во споредба со постоечките формати на фотографии.
На полето на безбедноста, Firefox 93 го имплементира SmartBlock 3.0 и оваа функција се обидува да ги блокира екстерните тракери што го следат корисникот на веб, а притоа да не ги руши веб-страниците.
Кога станува збор за перформансите, корисниците на Windows со критично ниска системска меморија ќе забележат дека Firefox ги растеретува табовите врз основа на нивното последно време за пристап. Кога корисникот ќе одлучи повторно да го посети овој таб, тој автоматски ќе се вчита. Ова го намалува паѓањето на Firefox предизвикано од недостаток на меморија.
Останатите подобрувања вклучуваат поддршка за пополнување формулари во Firefox PDF прегледникот, а MacOS корисниците се охрабруваат да ја завршат својата инсталација доколку ја стартувале со .dmg, за да не ги изгубат податоците.