Huawei е во поход по освојување на пазарот на смартфони. Тие го најавија новиот Mate 10 Pro минатиот месец, а сега компанијата е подготвена да го промовира и новиот P20 на саемот во Париз на 27 март оваа година.
Ако може да ѝ се верува на поканата, P20 би можел да биде првиот телефон со систем со тројна камера на задниот дел.
Гласините веќе подолго време кружеа наоколу дека Huawei P20 ќе има систем со тројна камера на задниот дел од телефонот, а поканата за саемот во Париз веројатно и ја потврдува таа теорија.
Имено, на поканата пишува „See mooore with AI“, а многумина тоа го сфатија како тизер за тројната камера, поради трите „О“ во зборот „more“.
Се очекува на саемот Huawei да промовира три уреди: P20, P20 Lite и P20 Plus. И понатаму останува нејасно дали тројната камера ќе биде достапна за сите три уреди, или само за премиум P20 уредот.
Huawei P20 Lite ќе добие двојна основна камера
Друга информација која произлегува е дека Huawei P20 Lite веќе е сертифициран од Сојузната комисија за комуникации на САД (FCC). Документите на американскиот регулатор, пак ни даваат дополнителни детали за новиот паметен телефон.
Една од интересните карактеристики на P20 Lite ќе биде екранот. Податоците на FCC укажуваат модели со различна големина на екранот – од 5.8 инчи до 6 инчи, а резолуцијата се очекува да е 1080 х 2280 пиксели при нестандарден однос од 19: 9. Актуелните смартфони кои сме навикнати да ги гледаме се со сооднос на екранот 16:9 и 18:5:9 кај Samsung Galaxy S8 и LG G6.
Се очекува над екранот на P20 Lite, слично на iPhone X, да има црн отвор, во кој ќе биде сместена предната камера, слушалки и некои од сензорите, а на грбот на смартфонот очекуваме да има двојна главна камера. За конечните можности и карактеристики на новиот предводник на Huawei ќе треба да почекаме до 27 март.