Бројот на екстремни временски нeпогоди се зголеми петкратно за последните 50 години и тие предизвикаа поголема штета, но и помалку жртви, благодарение на подобрите системи за рано предупредување, се наведува во извештајот на Обединетите Нации.
Според Атласот на Светската метеоролошка организација, кој го евидентира бројот на жртви и економски штети предизвикани од екстремни метеоролошки услови, климатски и хидролошки, од 1970 до 2019 година, овие катастрофи се петпати почести во тој период.
– Бројот на екстремни метеоролошки појави, климатски и хидролошки, продолжува да се зголемува. Поради климатските промени, тие ќе станат почести и посилни во многу делови на светот, предупреди генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Петери Талас.
Over past 50 years, weather, climate and water extremes killed 115 people and cost US$ 202 million on average per day
Number of disasters has risen, as have economic losses, because of #climatechange
The death toll FELL because early warnings save liveshttps://t.co/rPqkG1KrwX pic.twitter.com/l9Ve0eaSvJ— World Meteorological Organization (@WMO) September 1, 2021
Во последните 50 години се случија повеќе од 11.000 катастрофи во светот, при што загинаа повеќе од два милиона луѓе, а штетата се проценува на 3,640 милијарди долари (повеќе од 3,080 милијарди евра).
Во просек, во тие 50 години е регистрирана по една метеоролошка катастрофа, климатска или хидролошка, секој ден, предизвикувајќи штета од 202 милиони долари.
Најголемиот број смртни случаи во тие 50 години – речиси 650.000 луѓе, се предизвикани поради суши. Потоа следат бурите, со повеќе од 577.000 загинати, поплавите, со 58.700 загинати, како и екстремните температури, од што настрадале речиси 56.000 лица.
Од друга страна, подобрувањето на системот за рано предупредување и управување со катастрофи овозможи значително намалување на бројот на жртвите.