Првиот Land Rover смартфон ќе биде претставен за време на Mобилниот конгрес во Барселона кон крајот од месецот. Уредот ќе се вика Land Rover Explore, а производителот е британската Bullitt Group. Компанијата има големо искуство во производство на посебно издржливи паметни телефони благодарение на серијата CAT. Land Rover Explore беше најавен оваа недела на спортската изложба ISPO во Минхен, но неговата официјална премиера ќе биде дури во Барселона.
Уредот е насочен кон оние кои поминуваат повеќе време во природа, а освен тоа има попривлечен дизајн во споредба со серијата „CAT“, иако поради чисто објективни причини, поврзани со издржливоста на телефонот на надворешни влијанија, тој сепак ќе биде многу пообемен од конкурентите.
Големата новост во Land Rover Explore е неговата модуларна структура. Задната плоча на телефонот е магнетна и може да се „закачат“ дополнителни уреди за да ја прошират неговата функционалност. Во моментов не се објавени точните хардверски спецификации, кои очигледно се задржани за настанот во Барселона, а од Bullitt Group само најавија дека стартната цена ќе биде 649 евра / 599 евра со почеток на продажбата во април.