Иран планира да создаде сопствена, целосно локална контролирана верзија на Интернет под името „Халал нет“ за да одржи строга контрола на протокот на информации во јавноста, објави Independent.
Тоа се случува во време кога оваа азиска држава се ближи до одбележување на 40. годишнината од Исламската револуција со која на власт дојде нејзината теократска влада.
Во текот на претходните четири години, властите охрабруваа широка уботреба на Интернет меѓу Иранците, надевјаќи се како ќе извлече корист од модерната економија.
Меѓутоа, како резултат на тоа, речиси половина од популацијата во своите џебови го има “орудието” кое државата пробува да го ограничи – паметните телефони.
Смартфоните, како што се наведува, помогнаа во ширењето на протести кои избија ширум Иран оваа година.
Истражувањата покажаа дека во текот на 2014. година, два милиона Иранци имале по еден паметен телефон, а се проценува дека оваа бројка сега пораснала на 48 милиони.