Секој трет потрошувач се откажува од онлајн трансакција, ако за истата се потребни повеќе од 30 секунди.
Дали сте знаеле дека еден од три потрошувачи се откажува од онлајн шопинг, доколку за трансакцијата се потребни дури и помалку од 30 секунди? Потрошувачите на интернет не се покажаа како најстрпливи. Се откажуваат од трансакциите ако пребарувањето на онлајн продавницата им одзема премногу време, ако сајтот не е доволно безбеден или не нуди различни опции за плаќање. Освен тоа, ако купувачот смета дека постапката за наплата е комплицирана или ако платформата за е-трговија еднаш ја одбие нивната уплата, веројатно е дека купувачот ќе го прекине процесот и нема да се врати на тој сајт. Поради тоа, напуштањето на трансакциите од страна на потрошувачите е вообичаен проблем и голем предизвик за трговците, кои имаат онлајн продавници.
Со обзир на фактот што 60 отсто од потрошувачите имаат поголеми очекувања од своето дигитално искуство отколку пред пандемијата предизвикана од COVID-19, многу е важно да се користи најнова технологија и да се прилагоди интернет продавницата, со цел да биде едноставна, интуитивна и безбедна. Visa нуди решенија, кои што на трговците им овозможуваат да создадат беспрекорно шопинг искуство од првиот до последниот чекор.
Поголема сигурност и подобро корисничко искуство
Околу 70 отсто од компаниите се фокусирани на спречување измами за време на остварување приходи, зголемувајќи ги мерките за заштита на потрошувачките онлајн трансакции. Благодарение на токените, возможно е да се напредне корисничкото искуство во реализирање на онлајн трансакциите, како и истите да се направат посигурни. Visa користи токенизација, технологија која што во секоја трансакција овозможува замена на доверливи податоци за плаќање (на пример, 16-цифрен број на картичката) со единствен дигитален идентификатор, кој што е познат како токен, без ризик истиот да биде загрозен. Потрошувачите можат во својот мобилен телефон да ги вчитаат податоците за својата картичка или во деловната апликација. Податоците за плаќањето во тој случај ќе бидат заменети со токени, што значи дека истите не се чуваат никаде, кое што ги прави уште посигурни. Ова решение ќе им користи на трговците со тоа што ќе ги намали нивните обврски во поглед на безбедноста, а потрошувачите ќе бидат сигурни дека никогаш повеќе нема да мораат да се соочат со одбиени трансакции или да се замараат со задачи како ажурирање на своите податоци. Всушност, се проценува дека токенизацијата ја намалува стапката на измама за 20 отсто.
Беспрекорна автентикација
Visa Secure е ознака, која што ја гледаме на многу сајтови за онлајн шопинг, но за што навистина служи? Visa Secure овозможува брзо и непречено искуство на повеќекратни канали за плаќање, вклучувајќи го мобилното плаќање, плаќањето по пат на апликација, како и дигиталниот паричник. Лозинка, еднократна шифра или биометриска потврда на идентитетот се бараат само во мал број на случаи во кои сè уште постои сомнеж за автентичноста на трансакцијата. Со новата верзија на EMV 3DS, Visa значително ја има унапредено размената на податоци, овозможувајќи автентикација заснована на ризик, со цел создавање на непречено искуство.
Поради забрзаниот премин кон дигитално плаќање, интересот на потрошувачите за методите на плаќање со биометриска автентикација брзо расте. Од отисок на прст и препознавање на лицето, до други биометриски методи за потврда на идентитетот, оваа технологија сè повеќе се усвојува. Истражувањето на компанијата Visa покажува дека осум од десет луѓе имаат изјавено дека се чувствуваат најсигурно при користење на физичка биометрија, додека 62 отсто од луѓето истакнале дека истото го подобрува нивното искуство во управување со финансиите или плаќањето преку интернет.
Се проценува дека до 2023 година ќе се потрошат 6,5 милијарди американски долари на е-трговија, а 64 отсто од трговијата ќе се одвива преку користење на мобилни уреди. За да ја искористат оваа прилика, трговците како достапни ги имаат сите погоре наведени начини за своите купувачи, за да им овозможат највисок квалитет на плаќање, користејќи најнова технологија, алатки и процеси.